Струмичанецот Мите Стоилков победник на Пинкови ѕвезди

Мите Стоилков од Струмица ја однесе втората титула „Ѕвезда на Пинк“ откако синоќа во финалната пресметка освои повеќе гласови од неговата противничка Јелена Ѓуриќ.

Тој во финалето на Пинкови Ѕвезди ја изведе песната “Зајди, зајди”. Сите плачеа, а Мите со својот глас ја понесе титулата победник.

„Покажа емоции, вистинско македонско пеење, навистина ја заслужи победата.’ Ова беше коментарот за Мите откако беше прогласен за победник.

Тој освои патување во Барселона, награда од генералниот спонзор на емисијата, но и значително вложување во кариерата кое ќе го направи продукцијата на Пинк телевизија.

Comments are closed.