Aндонов: Пишев има желба за рушење на угледот на фирмата Тритерол и искривување на фактите

Лефтер Андонов, сопственик на компанијата Тритерол денеска одржа прес конференција по повод обвинувањата од страна на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Васил Пишев. Во прилог интегрален текст од денешната прес конференција на Лефтер Андонов:

Почитувани

Како сопственик на фирмите Тритерол сеуште се запрашувам какви пратеници имаме ние како граѓани на Р. Македонија.

            Пишев твоите пресови се смешни видео инсерти Тритерол не е никаква пералница, ниту некогаш е била.

            Фирмата е фомирана во 1992 год, денес брои околу 80 вработени кои редовно земаат плата и редовно си ги плака даноците кон Р.Македонија.  Исто така одговорно тврдам  целиот капитал со кои се имаат стекнато фирмите Тритерол се во Македонија, немам фирми во други држави, како на пример соседна Бугарија, а за вас Пишев неможе исто да се каже.

            Исто би сакал да ја известам Макeдонската јавност дека фирмите Тритерол учествуваат на повеќе јавни набавки во различни општини и институции во Р.Македонија , и во законски спроведени постапки имаат  добиено неколку јавни набавки, како на пр.  покрај општините Струмица и Куманово  имаме добиено јавни набавки и во Општина Штип, ЈЗУ Општа болница -Општина Кавадарци, Здравствен дом Струмица, Завод за здравствена заштита Банско, Општина Василево, Здравен дом Кочани, Министерство за одбрана, и одговорно тврдам дека кај сите спомнати и неспомнати институции сме учествувале во законски постапки.

            По горенаведеното можам да заклучам дека Пишев има желба за рушење на угледот на фирмата Тритерол и искривување на фактите. Затоа го повикувам јавно Васил Пишев каде сака и кога сака во присусво на медиуми да ги споредиме фактите и околу сите јавни набавки на кои учестувале фирмите чии сопственик сум јас.

            Струмичани знаат , ама добро е да ја запознаеме и целата Македонска јавност какви се луѓе стануваат претставници на народот во Законодавиот дом.

            И за крај Пишев да, точно е дека сум член на СДСМ повеке од 15 год а можеби и ова е единствената причина заради која јас и фирмите Тритерол сме изложени на лаги искажани од Пишев.

 

            Дали тоа што сум член на СДСМ немам право да учествувам на повици за јавни набавки. Дали членовите на СДСМ и другите политички партии и оние граѓани кои не се членови на ниту една партија имаат право да живеат и творат во Р.Македонија, или тоа право го има само Пишев , само затоа што е пратеник од владеачката партија.

Comments are closed.