Општина Струмица: Нема никаква злоупотреба и незаконско работење, како што Пишев ја манипулира македонската јавност

Писмена реакција од Општина Струмица по повод прес конференција на Васил Пишев:

425777_313235672063203_317407608_n1-640x4601Пратеникот Васил Пишев измислувајќи некаков скандал во општина Струмица всушност самиот се скандализира со ноторното непознавање на законот за јавни набавки. Пишев знае, но се прави дека не знае дека сите договори за јавни набавки во општина Струмица се реализраат по пат на електронско јавно наддавање, според важечката законска регулатива.

Значи, нема никаква злоупотреба и незаконско работење, како што Пишев ја манипулира македонската јавност. Уште еднаш истакнуваме дека за изнесенте невистини и обидот на Васил Пишев да ги диксредитира општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, Општината ќе побара разрешница по судски пат. – стои во писмената реакција од Општина Струмица.

 

Comments are closed.