ОО СДСМ Струмица: Криминалната власт на Никола Груевски 10 години мислеше само на тоа како да се збогати

Денеска претсавници од локалниот клуб на млади од СДСМ од Струмица одржаа прес конференција пред новата административна зграда во близина на малиот градски парк. Во прилог интегрален текст од денешната прес конференција:

28ee58bb-ba4d-4e3f-b54e-689274a0369e

Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Криминалната власт на Никола Груевски  10 години мислеше само на тоа како да се збогати.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ не може да реализира ниту еден проект во Струмица. Од овие причини се уште незавршените проекти ги пуштаат во употреба само за пред камерите и само за пропаганда, платена со милионски суми народни пари.

Пред речиси два месеци, на 3 април, Никола Груевски, овде, во Струмица, присуствуваше на  предавањето во употреба на новата административна зграда во којашто требаше да бидат сместени неколку државни институции.

Груевски вети дека за два месеца објектот ќе биде опремен со мебел и ќе отпочне со работа.

Еве сме на лице место. Објектот се уште стои празен како нем сведок на уште една лажна и расипничка политика на Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Објектот предаден во употреба, во реалноста не  е во употреба.

Тоа е поранешната зграда на МВР која што беше реконструирана и по желба на Груевски стиропорски нашминкана со барокни елементи и високи столбови, налик  „Скопје 2014“.

Но, ништо од најавуваното опремување на административната зграда. Уште еден пропаднат проект на криминалната власт.

Ете, тоа е Никола Груевски. Ете, тоа е ВМРО ДПМНЕ. Од пресечената црвена лента остана само оваа жолта лента со која обично се оградува местото на некој злочин.

Времето на Груевски истекува. Злосторниците ќе одговараат за своите злочини.

Доаѓаат промени за подобар живот и сигурна иднина на сите граѓани во Република Македонија, што ќе ги донесе нова, чесна, одговорна и транспарентна Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.

 

Comments are closed.