Цеца, Саша Ковачевиќ, Аца Лукас, Амадеус бенд, Шабан Шаулиќ, Сека, Министарке и Преслава ова лето во Струмица

Оваа лето ќе биде исполнето со добра забава. Клуб Платинум како синоним за добра забава ги најавува најголемите музички имиња од Балканот со гостување во Струмица. Кралицата на српската музика Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе одржи концерт на 28 јули на стадионот ,,Кукуш” во с.Турново.  Оваа вечер се очекува незапаметена забава, ќе се пеат најголемите хитови во последните 10-тина години како ,,Кукавица” , ,,Иди док си млад” , ,,Београд”.

Пред неа, со концерт во спортската сала ,,Парк”  ќе се претстави и добропознатиот Саша Ковачевиќ заедно со најновите хитови ,,Живим да те волим” , ,,Случајно” , ,,Браним”.

Во летната агендна Клуб Платинум ни откри што спрема за добра забава на гостите во овој период. На 3 јуни, гостин во клуб Платинум ќе биде Ди-џеј Клајди заедно со латино звуците кои со сигурност ќе ги размрдат гостите и задржат разиграни до раните утрински часови.

На 10-ти јуни Аца Лукас повторно ќе гостува во клуб Платинум. Никогаш доста од него, бидејќи забавите заедно со Аца Лукас во клуб Платинум се тема на која доста се зборува потоа. Секој што сака одлична забава, нека си го резервира овој датум.aca-lukas

Следни во низата на најпознатите музички имиња кои ќе ја ,,тресат” Струмица оваа лето се Амадеус Бенд. Дечките повеќепати имаат покажано во Струмица што знаат и умеат и што значи добра забава заедно со нивните хитови, перформансот и атмосферата која тие знаат да ја направат.  -  24 јуни – не пропуштајте.

Забавата продолжува со Сека Алексиќ која ќе гостува на 1 јули. Летото е долго, а тек сме на пола од најпознатите балкански изведувачи оваа лето. Сите се сеќаваме на неодамнешниот настап на Сека Алексиќ во клуб Платинум и одличната забава па затоа спремете се за уште едно одлично забававување.

Неодамна беа во нашиот град. Струмичани ги побараа повторно, а клуб Платинум исполнува. Женскиот музички состав од атрактивните девојќи ,,Министарке” повторно ќе гостуваат во клуб Платинум  на 22 јули.

За 29-ти јули е закажен настапот на едно од најголемите музички имиња на Балканот – Шабан Шаулиќ. Е ова дефинитивно ќе биде вечер за паметење, настап кој дефинитивно и недостасување на Струмица долго време. Песните како ,,Жал” , ,,Доџи да остаримо” . ..Тебе да заборавим” ќе ја одбележат оваа вечер12670100_10153559216860668_6873036537117653894_n-650x366maxresdefault (1)

Клуб Платинум, на барање на гостите за 5-ти август ја најавува најголемата Бугарска ѕвезда – Преслава. Нејзините хитови се добропознати кај Струмичани, а искусниот менаџерски тим на клуб Платинум успејаа да го фиксират датумот на долгоочекуваниот настап на Преслава во Струмица.

Но забавата не запира тука. Од клуб Платинум најавуваат дека ова лето за забавата да биде уште подобра, во Струмица ќе настапат и Гоце САФ, Ди-џеј Чико, Панчо Шорти, Андреј Ѓошев, познатиот Ди-џеј Спирос од Грција, Зоки Поки и уште многу други бендови и диџеи од земјава и странство.

Ова ќе биде лето за паметење и одлична забава благодарејќи на клуб Платинум!

Comments are closed.