Струмичките матуранти денеска напладне ќе бидат дел од Матурската парада

Денеска, точно на пладне, на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се одржи традиционалната Матурска парада, во која ќе учествуваат околу 450 матуранти од трите средни општински училишта во Струмица. Матурантите од Струмица веќе осум години успешно учествуваат во оваа голема манифестација.
Целта на оваа Матурска парада е на поинаков начин да се одбележи последниот ден од средношколскиот живот, а истовремено да им се даде можност на матурантите да се дружат со своите врсници по пат на сателитско радио кое точно на пладне ќе ја емитува Штраусовата композиција „Фледермус“ за одигрување на најголемиот синхронизиран танц на светот наречен Квадрил.13245413_989793897740707_8656245256263307265_n

Comments are closed.