Академија Пандев го декласираше Осогово

Екипата на Академија Пандев со високи 0:5 на гостински терен го декласираше Осогово во рамките на 20. коло од Третата лига – Исток.

Сите пет погодоци за гостите ги постигна Зоран Златковски.

Академија Пандев е и официјално е Шампион во Третата лига – Исток на две кола пред крајот од лигата.

По оваа победа Академија Пандев останува на првото место на табелата со 56 бода, додека пак Осогово и покрај поразот се задржува на осмото место со 23 освоени бодови.

TMFL - Istok - 20 kolo

На останатите натпревари беа постигнати слените резултати: Брегалница Голак 3:0 Баби, Плачковица 2:2 Каменица Саса, Слога 2:1 Беласица, Карбинци 1:5 Напредок Здравје Радово, Овче Поле 2:1 Работник Џумајлија.

 

Comments are closed.