Струмичкиот рап состав ,,Дивизија” со нов видео запис

,,Дивизија” (Кискин, Хроник, Фарс, Бандит & Киндер) на нивниот официјален ју туб канал го прикачија видео записот за водечката трака на албумот насловена ,,Стереотип”.

Струмичките рапери ја најавуваат промоцијата на својот втор албум наскоро, за аудио делот на песната се погрижија Кискинов како продуцент, миксот е на RickBeatz od прилепското дуо Tha Titanium, додека за видео записот се погрижија Владислав Гавриловски како камерман и под режија на Горан Симјаноски, видео записот може да го погледнете подолу:

Comments are closed.