Вечерва КК Струмица гостува кај Фени Индустри

Во рамките на 16. коло од домашната кошаркарска лига вечерва на домашен терен Фени Индустри ќе ги пречека кошаркарките на Струмица. Натпреварот помеѓу Фени Индустри и Струмица се игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 18 часот.

Во вечерашниот натпревар, домаќините влегуваат како фаворити. Фени моментално е четврти на табелата со 44 бодови, додека пак Струмица е седма со 32 освоени бодови.

Останатите двојки за 28. коло се следни: МЗТ Скопје – Карпош Соколи, Бест – Куманово и Работнички – Кожув.

Kosharka tabela 27 kolo

По 27. одиграни кола состојбата на табелата е следна: МЗТ Скопје е на првото место на табелата со 51 бод, Карпош Соколи со 47 бодови се пласирани на второто место, бод помалку има третопласираниот Куманово.

На последното осмо место на табелата е Бест со 27 освоени бодови.

 

Comments are closed.