ОО СДСМ Струмица: Барокниот стиропор на старата полициска зграда, којшто чини 1.1 милион евра и којшто можеше да се реставрира со многу помалку пари

Општинската организација на СДСМ во Струмица денеска одржа прес конференција по повод вчерашната посета на  Никола Груевски во Струмица. Во прилог интегрален текст од денешната прес конференција на ОО СДСМ Струмица:

„Никола Груевски не може да се помири со реалноста дека одамна не е премиер. Груевски целосно ја игнорира реалноста затоа што знае дека премиер никогаш повеќе нема да биде.

Секојдневно промовира владини проекти, најавува виртуелни проекти и инвестиции, манипулира со граѓаните и им ветува решавање на нивните проблеми, а кои тој и неговата влада ги создадоа во изминатите 10 години.

Во која улога и со чии пари го прави тоа Груевски? Со парите на ВМРО-ДПМНЕ или со парите на граѓаните?

Откако до него не допре гласот на струмичани дека не сакаат барок во Струмица, без срам Груевски дојде на отворањето на новата барокна зграда на јавната администрација чијшто инвеститор е Министерството за финансии.

По кој знае кој пат се појави на местото на стариот театар за уште еднаш да каже дека неговата изградба ќе биде готова до декември.

Чии згради се тоа Груевски? На ВМРО ДПМНЕ? Со партиски пари ли се прават или со пари од даночните обврзници?

Груевски многу сака со парите на граѓаните да си игра премиер. Но, Струмичани вчера му ја испратија вистинската порака, Груевски заминува во историја, го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години. Неговите манипулации не поминуваат повеќе.

Вчерашниот престој на Груевски во Струмица уште еднаш потврди дека тој и владата на ВМРО ДПМНЕ се вистински манипулатори. Наводно пуштија нова барокна зграда, а која во функција ќе биде дури по два месеца, затоа што таа сега е празна.

Барокниот стиропор на старата полициска зграда, којшто чини 1.1 милион евра и којшто можеше да се реставрира со многу помалку пари, ја отсликува бледата копија од најкриминалниот проект во последните 20 години во Македонија – Скопје 2014.

Лажните и лицемерни ветувања на Никола Груевски, последиците од криминалните политики во изминатите години уште еднаш потврдуваат дека на Македонија и се неопходни промени.

Почитувани граѓани,

Меѓу првите работи што ќе ги направи новата одговорна влада предводена од СДСМ, ќе биде одвојување на државата од партијата и департизирање на институциите.

Ова е незапирлив процес. Доаѓаат промени за подобар живот и сигурна иднина на сите граѓани во Република Македонија, што ќе ги донесе нова, чесна, одговорна и транспарентна Влада, предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Да не дозволиме ова зло никогаш повеќе да се повтори“ – изјави Коста Костадинов, портпарол на ОО на СДСМ Струмица.

Comments are closed.