Турново миминално го победи Металург

Турново минимално со 1:0 ја победи екипата на Металург во натпревар во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Победничкиот гол за екипата на Турново, го постигна Сашко Пандев во 40. минута од натпреварот.

Царев Двор со два црвени картон загуби убедливо со 0:5 од Брегалница која исто така имаше еден црвен картон. Актуелниот шампион и лидер на табелата Вардар на гостински терен кај Шкупи славеше минимално 0:1, Силекс во Кратово со 1:0 ја победи Ренова.

Во саботата се одигра натпреварот помеѓу Работнички и Шкендија, а победник во овој натпревар беа гостите, кој славеа исто така миминално со 0:1.

По 24. одиграни кола состојбата на табелата е следна: Шампионот Вардар е и понатаму на првото место со 61 освоен бод, второпласирана е Шкендија со 56 бода, додека на третото место е Силекс со 37 моментално освоени бодови.

PMFL - 24 kolo tabela

На долниот дел од табелата е Металург со 13 бода, тим кој што од следната сезона ќе го гледаме во рамките на Втората фудбалска лига, Царев Двор е на деветото место со 16 бода, додека Ренова е пласираната на осмата позиција со 25 освоени бодови.

Двојките за следното 25. коло кое што е закажано за 6. април се следни: Брегалница – Металург, Ренова – Царев Двор, Шкендија – Силекс, Турново – Шкупи, и Вардар – Работнички.

Comments are closed.