Во завршна фаза е хортикултурното уредување на булеварот „Маршал Тито“

Булеварот „Маршал Тито“ на потегот од кружниот тек кај ЕВН до излезот на градот кон населеното место Куклиш доби нов лик. По реконструкцијата на средната лента и поставувањето на жардинериите, деновиве, во завршна фаза е хортикултурното уредување. Овој зафат го реализираа општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.

9 (2)-Оваа инвестиција е реализирана во неколку фази, почна со изградбата на жардинериите која траеше подолг временски период заради условите за работа, потоа следуваше полнењето со земја и еве денеска сме присутни на зафршната фаза, односно, хортикултурното уредување на самиот булевар, со што сметаме дека овој булевар ќе добие едно убаво светло, една убава површина, која граѓаните ќе ја почитуваат. Со ова заокружуваме еден процес на хортикултурно уредување на сите булевари во општина Струмица имајќи во предвид дека булеварот „Ленинова“ е уреден, „Гоце Делчев“ исто така заврши во изминатиот период, а еве сега и булеварот „Маршал Тито“ кој што е во завршна фаза, така што тоа што беше ветувано и од страна на општина Струмица и од ЈПКД „Комуналец“ за уредување на влезовите на градот Струмица е во завршна фаза. Упатувам апел до граѓаните, сите заедно да се грижиме за тоа што го работиме бидејќи тоа е за сите нас, да се однесуваме совесно кон хортикултурното уредување, за секоја аномалија која ќе биде забележана да биде известено Јавното претпријатие, иако ние секојдневно се грижиме за овие површини, но барем соработка и од граѓаните, барем во овој дел, затоа што ова претставува и дополнително уредување на просторот околу нивните куќи. „Комуналец“ тука нема да застане, во наредниот период ќе има и други активности, уредување на повеќе зелени површини, уредување во населените места, поставување на урбана опрема, така што следува еден период на поголем број активности, за кои навремено ќе бидат известени граѓаните на општина Струмица, рече Зоран Горгиев, директор на ЈПКД „Комуналец“.6 (5)

Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“, хортикултурното уредување е извршено на површина од 1.300 метри квадратни со 1.500 садници.

-Концептот на садниците е избран според климатските услови и некои нивни физички својства. Според климатските услови избрани се садници кои одговараат на нашето поднебје и добро успеваат, а според физичките својства во кои се формата, големината и бојата, избрани се садници со повеќе нијанси на бои од зелена, златножолта па до црвена боја, со што сакавме да постигнеме една колоритна композиција на самиот булевар. Исто така од голема важност ни беше формата и големината на садниците, бидејќи се работи за булевар избрани се нискорастечки садници, а на крстосниците и пешачките премини избрани се садници кои растат хоризонтално и се во вид на зелена покривка кои не сметаат во видното поле на возачите, а се овозможува и нормално движење на пешаците по пешачките премини, рече Гудева.  2 (10) 1 (11)

Comments are closed.