Општина Струмица го уредува просторот кај Габровските водопади

Општина Струмица почна со реализација на проектот за уредување на туристичкиот локалитет Габровски водопади. Уредувањето чини околу два милиони денари, а целта е да се зголеми посетеноста на домашните и странските туристи и да се подобрат условите за развој на селскиот туризам.

DSC_3361
-Во уредувањето на локалитетот спаѓа проширување на паркинг простор, поставување на уште еден Летниковец, уредување на пристапот до самиот водопад, поставување на бина за оддржување на културно забавни манифестации, поставување на канти за отпад, клупи, ќе има и хортокултурно уредување, целиот дел пред водопадот ќе биде поплочен со камен, а ќе се изврши и реновирање на веќе постоечките елементи. Со оваа уредување се надеваме дека ќе ја зголемиме посетеноста како за домашни туристи, така и за странски туристи, а притоа се надеваме дека ќе придонесеме за развојот на селскиот туризам.DSC_3355

Проектот за уредување на туристички локалитет се аплицираше преку Југоисточен плански регион. Целокупниот проект е во висина од околу 2.000.000 денари. Поради потребата од уредување на овој туристички локалитет, Советот на општина Струмица донесе одлука за уредување на првиот водопад од повеќето Габровски водопади кои се од големо значење за развој на селскиот туризам на ова населено место. Изведувач на овој проект е градежната фирма Пешо инженеринг а е потпишан договор со Центарот за Југоисточен плански регион. Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев заедно со Советот на Општината, продолжуваат со напорите за подобрување на животот на граѓаните во општината и населените места, рече Панче Пеџовски советник за план и анализа во одделениетот за ЛЕР во општина Струмица.

DSC_3336
Жителите на Габрово го поздравија уредувањето на Габровските водопади и истовремено апелираа до сите, направеното да се чува.
-Честитки за сето тоа што Општината решила да го направи, меѓутоа, тоа што е направено треба и да се чува бидејќи се вложуваат големи средства за тоа што е направено и што се прави. Ние сме благодарни, сакаме вака да продолжи понатаму, трим патеката е скоро готова и тука на плацот често пати одржуваме состаноци, а на Водици целото село се собира и тоа е многу интересен настан и затоа апелирам ова да се чува за да остане трајно, велат жителите на селото Габрово.DSC_3342

Comments are closed.