ОО СДСМ Струмица: Хаосот во избирачкиот список треба да се расчисти

Во просториите на ОО СДСМ Струмица денеска се одржа прес конференција по повод изборните неправилности . Во прилог интегрален текст од денешната прес конференција:kosta kostadinov

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж и потврда дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста.

Расте паниката кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ по откривањето на криминалниот избирачки список.

На сите им е веќе јасно дека Никола Груевски се плаши да се соочи со вистината којашто проби како шило по објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список.

Скриени зад мали маалски групи на граѓани, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да манипулираат со јавноста и да ги злоупотребуваат граѓаните.

До каде оди лудилото на ВМРО-ДПМНЕ?

Во текот на вчерашниот ден, на две групи граѓани изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ, им беа дадени идентични текстови со кои наводно го пренесуваа ставот на жителите од две улици во Струмица, дека наводно немало фантомски гласачи.

Имено, еден од нив беше Абди Демиров, човекот којшто вчера го пренесуваше таканаречниот став,  беше кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и во неговата куќа се наоѓа штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Почитувани,

Еве ја вистината за утврдените неправилности на спомнатите улици:

На улицата „Моша Пијаде“ бр. 16 лицето Елизабета Обриња НЕ ПОСТОИ.

На улицата „Моша Пијаде“ бр.20 лицето Софија Врањиќ НЕ ПОСТОИ.

На улицата „Бетовенова“ бр.52  Мустафа Арифов и Ајтен Арифова НЕ ПОСТОЈАТ.

Ова е вистината утврдена по увидот во Избирачкиот список. И уште многу други неправилности, меѓу кои, и дека во градинката „Детска радост“ на улицата „Младинска“ се запишани тројца гласачи.

Почитувани граѓани,

Хаосот во избирачкиот список треба да се расчисти. Секој што учествувал во изборен криминал ќе одговара.

Comments are closed.