Турново сигурен против Царев Двор

Тимот на Турново со убедливи 3:1 го победи Царев Двор на домашен терен и ја забележа првата победа на последните 5 натпревари.

Резултат беше отворен во 26. минута, откако Стоилов погоди за 1:0. Во вториот дел од натпреварот Салиу израмни на 1:1. Десет минути подоцна Пандев постигна гол со што домаќините повторно поведоа. Конечните 3:1 ги постави Георгиевски во 79. минута од натпреварот.

Турново по победата се искачува на седмото место со 24 бода, додека Царев Двор останува и понатаму на деветтото место со 16 бода.

Во следното коло кое што е закажано за 30. март, Турново гостува кај последнопласираниот Металург.

PMFL - 23 kolo tabela

Состојбата на табелата е следна: Шампионот Вардар е на лидерската позиција со 58 бода, Шкендија е второпласираната со 53 бода, додека на делбата на третото место се Шкупи и Силекс со по 34 бода.

На долниот дел од табелата состојбата е речиси иста. Металург е последнопласиран со 13 бода, Царев Двор со 16 бода е девети на табелата, а на осмото место сега се наоѓа штипска Брегалница која има 23 бода.

Александар Ванев

Comments are closed.