Забранет сообраќајот на улицата Спиро Захов

Поради одрони на тротоарот на дел од улицата,,Спиро Захов‘‘(куќни броеви од 30 до 34), предизвикани од обилните врнежи од дожд и поради можната опасност од нови одрони, а во интерес на безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, овој дел од улицата ќе биде времено забранет за сообраќај за моторни возила. – соопшти Општина СтрумицаЗабраната ќе трае до завршување на санацијата на оштетениот дел од тротоарот.

Се молат граѓаните за разбирање и почитување на забраната.23_big

Comments are closed.