Градоначалникот Заев и општина Струмица и годинава со финансиска поддршка на спортот

Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица и годинава ја продолжуваат континуираната поддршка на спортот. Откако членовите на Советот на Општината ја усвоија предлог – методологијата за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства, објавен е Јавниот повик до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот и за тренери во спортските клубови за финансиска поддршка од буџетот на општина Струмица за 2016 година.Capture
Според Ристо Секулов, советник за спорт во општина Струмица и двата повика се отворени до 7-ми март, а целата документација за аплицирање може да се најде на општинската веб страница www.strumica.gov.mk

-Преку овие јавни повици, општина Струмица продолжува со помагањето на спортските клубови, здруженија на граѓани, спортисти кои настапуваат во Република Македонија и на меѓународни натпревари и се надевам дека како и во минатите години, така и оваа и во наредните години, нашите спортисти, нашите спортски амбасадори ќе носат добри резултати на општина Струмица и на Република Македонија, додаде Секулов.

Comments are closed.