Одбележан патрониот празник во училиштето во Просениково

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од населеното место Просениково, денеска, го одбележаа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. По положувањето свежо цвеќе пред спомен бистата на Герас Цунев, беше изведена богата свечена програма.

6 (3)Раководството на основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково, постојано работи на подобрување на условите за учениците и вработените. Последниот реализиран градежен зафат е изградбата на нов санитарен јазол, кој што од денеска е во функција, а со финансиска поддршка на општина Струмица.7 (2) 9 (1) 2 (5) 1 (5) 4 (4) 8 (1)

Comments are closed.