OO СДСМ Струмица: Над 500.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата

Денеска во просториите на ОО СДСМ Струмица се одржа прес конференција на која се зборуваше за актуелната ситуација со иселувањето и платите во Македонија. Во продолжение интегрален текст од денешната прес конференција на ОО СДСМ Струмица:2033-Kostadinov_190216

,,Почитувани граѓани,

Просечната плата за граѓаните во Македонија е на дното во споредба со платите во регионот. А пред десет години бевме лидери во регионот.

Над 500.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата.

Криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја руинираа државата, го партизираа системот, ги обезвреднија институциите, ги задушија слободата и демократијата. Десет години, Груевски, во името на народот, работи само за себе и фамилијата.

Ниту пропагандата и лагите преку медиумските курири за наводен нагорен тренд на економијатанеможат да ги покријат погубните економски политики. Реалноста е поинаква и поткрепена со факти.

Од виртуелните политики за вработување и самовработување во Македонија имаме историски најголема невработеност на младите од над 50%, а 79% од нив би сакале да се иселат од Македонија. Егзистенцијата е главната причина за тоа.

626.312 илјади луѓе веќе ја напуштија земјата. Дополнително, се зголемува бројот на граѓаните коишто поднесуваат барања за странски пасоши.

Расипничката власт во заминување на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици.

Со 630 милиони евра можеа да се направат 126 фабрики и во секоја фабрика да се отворат по илјада нови работни места. Тоа се 126 илјади нови работни места.

Но, вистинската борба против криминалот и корупцијата доаѓаат по промените.

СДСМ има Програма којашто ќе го врати достоинството на граѓаните.

Граѓаните ќе имаат стандард за спокоен живот.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на реалните проблеми на граѓаните.

СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја направат Македонија пристојно место за живеење.”

Comments are closed.