Mинистерката Ременски оствари средба со повеќе невладини организации во Струмица

Министерка за труд и социјална политика и потпретседателка на СДСМ во саботата беше во посета на општина Струмица, на повеќе населени места, на средби со граѓаните. Таа оствари и средба со невладини организации коишто ги претставуваат интересите и правата на лицата со инвалидност и попреченост на територијата на општина Струмица.
,,Разговаравме за повеќе прашања. На средбата беа изнесени повеќе барања до Министерството за труд и социјална политика како приоритетни прашања кон коишто треба да пристапиме да ги решаваме. За дел од нив ги запознав со заклучоците од работната средба со Националниот совет на организации на инвалидизирани лица на Република Македонија од минатата недела и со сите активности на Министерството за труд и социјална политика веднаш по работната средба која што ја имавме со здруженијата.

Се обративме до банките и до институциите на Република Македонија со барање факсимилот за слепите лица да биде еден доказ во потврдување на нивниот идентитет, освен личната документација, при поднесување на барања до институциите меѓутоа и во таа комуникација која што е неопходна.

Очекуваме и банките и институциите коишто се соочуваат со ваква потреба од слепите лица да ги прифатат и да ги услушат нашите барања за да излезат во пресрет на нивните потреби. Дополнително се заложуваме да решаваме и индивидуални прашања на лица со попреченост коишто преку своите здруженија нотираат одредени несоодветни постапувања на државните органи и институции во однос на остварување на нивните права.

Одблокиравме еден сериозен проблем со кој што се соочуваа заштитните друштва односно фирмите кои што вработуваа инвалидизирани лица. Повеќе од 272 заштитни друштва повеќе од 8 месеци чекаа средства за поврат на придонеси за повеќе од 2704 инвалидизирани лица кои што од јуни минатата година ги немаа добиено средствата за придонеси од плата.

Министерството за труд и социјална политика пред една недела го одблокира тој процес во министерството и еднократно кон заштитните друштва беше подмирен долгот кој што изнесуваше повеќе од 254 милиони денари. Тоа дополнително ќе придонесе и за охрабрување на фирмите да вработуваат инвалидизирани лица да се зголемува интересот фирмите да станат заштитни друштва, меѓутоа и лицата со инвалидитет кои што работат навремено да си го добиваат повратот од средствата за придонеси.

Многу од прашањата на кои што ни беше укажано денеска и на оваа работна средба што ја имавме е барање за донесување на соодветни законски решенија во кои што одредени права на оваа ранлива категорија на граѓани ќе бидат ставени во закон и ќе бидат дел законски решенија. А не дел од програма на влада која што во одредени временски периоди губи интерес да продолжи и извршувањето и исполнувањето на обврските од тие програми.

Се побара од претстваниците на здружението за лица со телесен инвалидитет да се вратат законските поволности за набавка на моторно возило од 1999 година. Ние дел од тие напори ги правиме во однос да овозможиме лицата да можат со поволности да набавуваат моторно возило а со тоа и да бидат ослободени од дел од давачките кон државата.

Се укажа исто така на многу проблеми кои што се реално решливи меѓутоа исто така укажуваат и на потреба од една зголемена грижа не само на државните институции туку и на институциите на локално ниво, меѓутоа и во комуникацијата со граѓаните потреба од една повисока свест за прифаќање на лицата со инвалидитет или било каква попреченост во комуникацијата со граѓаните и комуникацијата со институциите.

Дополнително беше истакната потребата дечињата кои што посетуваат училишта а се глуви и наглуви да имаат поволности во делот на покривање на патните трошоци при транспорт до училиштата каде што се образуваат и го учат знаковниот јазик.

Побаравме од сите институции во Република Македонија да определат лица во институциите кои што ќе посетат соодветна обука и школа за знаковен јазик. За да можат да бидат ставени на располагање на сите лица кои што се глувонеми, слепи и глуви, за да можат да ја препознаат комуникацијата и со тоа полесно да комуницираат со службите пред коишто бараат остварување на нивните права.

Сето ова е наша заложба многу од проблемите со кои се соочуваат членовите на овие здруженија ги решивме. Дел од нив ги решаваме тековно но дел и остануваат како потреба и обврска на повеќе ресорни министерства да се заложиме истите да бидат решени.” – рече министерката Ременски во посетата на општина Струмица.

Comments are closed.