Играниот филм што се снимаше во Струмица ,,Златна петорка” доби трејлер

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски доби трејлер. Се очекува филмот на почетокот на февруари да биде во финална монтажа со цел да се прикаже на Кан фестивалот. Премиерата на „Златна петорка“ е закажана за 13 август 2016 година во Струмица.

Овој филм во режија на Горан Тренчовски, општина Струмица финансиски го поддржа со 200 илјади денари, а на располагање ги стави сите свои институции и ресурси, што се потврдени во Меморандумот потпишан меѓу градоначалникот Зоран Заев и управителот на продукцијата Револушн, Дејан Милошевски.

Comments are closed.