Претставници на Струмица и Софија разменија искуства од областа на паркирањето

Претставници на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ престојуваа во дводневна посета на Центарот за градска мобилност на Софија, Република Бугарија. Посетата се реализираше на покана на директорот на Центарот, Симеон Арнаудов, а главната цел беше размена на искуства во делот на паркирањето.

12552567_920159714704126_953991415639701861_n-Имајќи во предвид дека Струмица го понуди најдоброто од нашата земја на своите сограѓани во делот на паркирањето изминатиов период, имаме обврска како менаџерски тим да ги разгледаме и искуствата од поразвиените градови, за да можеме да одговориме на предизвиците кои ни претстојат во делот на проширувањето на паркинг зоните, воведувајќи олеснување на сообраќајот во мирување. Софија е милионски град и веќе години наназад функционира организираното зонско паркирање без никаков проблем. Бидејќи во многу нешта постојат сличности во системите на плаќање, издавање дозволи и комплетното организирање на паркинг просторите, мене ми претставува посебна сатисфакција признанието од страна на г-динот Арнаудов дека Струмица успеала да имплеменира систем кој по начинот и видот е препознатлив за големи метрополи – истакна Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“.12512319_920159708037460_8110981748576609793_n

Во рамките на посетата беа презентирани веќе развиените новитети во Софија во делот на паркирањето, а се одржа и средба со бордот на директори на Центарот за градска мобилност во чиј склоп влегува и јавниот превоз.

Comments are closed.