Градоначалникот Заев:Општина Струмица ги бере плодовите од проектите зацртани во буџетската 2015 година

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на промоцијата на проектот „Струмички приказни“ која синоќа се одржа во центарот за култура „Антон Панов“ кој финансиски е поддржан од општина Струмица. Со тоа Градоначалникот и Општината уште еднаш го дадоа својот влог во зачувувањето на струмичкото народно творештво.

1 (8)-Општина Струмица, еве на крајот на годината, ги бере плодовите од сите проекти кои што беа зацртани во буџетската 2015 година. Вечерва, сме сведоци на еден прекрасен проект кој што на Форумот на заедниците беше сугериран токму од нашите струмички актери кои сакајќи да го стават во незаборав нашето културно наследство дадоа предлог од 2015 година да почнеме со изработка на струмички народни приказни. Вечерва сме сведоци на првите три приказни кои навистина претставуваат едно трајно богатство кое ќе остане за генерациите после нас. Јас сум задоволен затоа што со поддршката од Советот на сите овие проекти, покрај тоа што општина Струмица инфраструктурно се развива, остави траен белег во времето во кое што живееме преку сите сегменти, а секако, една од нив е културата. Среќен сум заради тоа што знам дека парите се малку во делот на поддршката, а е направено прекрасно дело. Вкупниот буџет беше 300.000 денари, за идната 2016 година има проектирано нови средства, се надевам дека Советот ќе ги поддржи ваквите проекти заради тоа што еве гледаме какви дела се создаваат, рече градоначалникот Заев.4 (4)

 Проектот го реализира здружението за култура и уметност „Сцена“.

 -Благодарение на Општината, еве, го завршуваме овој малку поголем проект. Самата тема струмички приказни беше ставена во рамки на расказ од Иван Котев и од некаде 65 раскази, во 2015 и 2016 за реализирање се 15, трите се готови и на 1, 2 и 3 јануари 2016 година ќе одат во етер. Ми се чини дека постигнавме голем резултат заради тоа што културното наследство не треба да стои во фиоки, туку, треба да го видат и младите генерации, рече Бранко Бенинов организатор на проектот.5 (1) 6 7 (1) 10

Comments are closed.