По повод одбележување на 3-ти декември – меѓународниот ден на лицата со попреченост, синоќа во Домот на АРМ Струмица беше отворена изложба каде што беа претставени креации од серијата креативни работилници кои Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – ПОРАКА од Струмица ги реализираше од јули 2015 година заедно со членови на младински организации и ученици од средни и основни општински училишта од Струмица. Овие работилници беа дел од проектот „Заедно да ја пренесеме пораката на лицата со интелектуална попреченост”, кој се реализираше во партнерство со Здружение за млади АДОЛУС – СР Струмица, а финансиски овозможен од Општина Струмица.
Преку музички настапи, рецитали и театарски изведи на нивните соученици од ООУ „Видое Подгорец” и ООУ „Никола Вапцаров” од Струмица, како и децата од хорот од Парохијата „Свети Иван Крстител“ од Струмица вечерва испратија порака за поголема вклученот на лицата со попреченост и рамноправност во рамки на општетсвото и секојдневниот живот.
На изложбата беше промовирана и книгата „Победничка“, од авторката Викторија Пенова од село Балинци, Валандово. Настанот финишира со доделување благодарници на соработниците и поддржувачите на ЦПЛИП ПОРАКА Струмица.
Присутните гости на изложбата ја имаа можноста за симболична сума да ги купуваат ракотворбите и украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП ПОРАКА Струмица со потребните дидактички материјали за работа.
Comments are closed.