Реакција на прес конференцијата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од реакцијата на одделението за административна поддршка на Градоначалникот на општина Струмица кон советничката група на ВМРО ДПМНЕ:

417162_315211261865644_1785663940_n

Почитувани,

На градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, потребите и барањата на граѓаните веќе десет години им се на приоритетната листа и имаат партнерски однос  во нивното задоволување и решавање. Токму тој партнерски однос во креирањето на локалните политики, ја направи општина Струмица лидер меѓу општините во Македонија, призната и потврдена од домашни и странски релевантни фактори.

Партнерскиот однос на граѓаните и градоначалникот Зоран Заев, посебно е потврден во креирањето на општинскиот буџет. Секоја година, тој се креира врз основа на барањата и потребите на граѓаните од урбаните и месните заедници, а веќе  петта година по ред приоритетите заеднички се утврдуваат преку програмата „Форуми во заедницата“, а од оваа година и преку граѓанскиот проектен форум во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“.

Градоначалникот Зоран Заев и општинската администрација се посебно горди што во десетгодишниот успешен развој се вградени многубројни проектни идеи на граѓаните,  поради кои Струмица и стана Општина по мерка на граѓаните.

Додека Градоначалникот и граѓаните ја градеа и развиваа Општината, советниците на ВМРО ДПМНЕ и нивната Влада го бојкотираа секој нивни успех, а на барањата за поддршка на проекти даваа  нула денари.

Токму поради ова, Градоначалникот и Општината во денешната постапка на советниците на ВМРО ДПМНЕ, не можат да препознаат ништо друго освен гол популизам.

Со почит,

Општина Струмица

Одделение за административна поддршка на Градоначалникот

 

Comments are closed.