Денеска во заводот за заштита и рехабилитација во Банско, беше одбележан меѓународниот ден на лицата со хендикеп. На одбележувањето присуствуваа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и Нела Масалковска одговорно лице за комуникација со граѓани кои што имаат одреден вид и степен на попреченост. Тие и оваа прилика ја искористија за разговор со лицата со попреченост сместени во заводот за нивните проблеми и ја потенцираа подготвеноста на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица за секаков вид на поддршка во рамките на нивните ингеренции.
Comments are closed.