Утре концерт на средношколски таленти на Струмица

Под мотото „Собери храброст и запеј“, утре  (недела), со почеток во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ за само 100 денари може да проследите концерт на 19 таленти од четирите средни училишта. Преку преработки на популарни песни, средношколците освен што ќе ја отпакуваат својата вешто скриена или досега неоткриена вештина ќе споделат и многу емоции и енергија преку песните кои ги одбраа за вас.

talentshow2015

За прв пат на ваков проект се воведува онлајн гласање кое може да го направите до почетокот на концертот на нашиот веб-сајт (http://www.mss.org.mk/glasanje-soberi-hrabrost-i-zapej/[1])  или на фејсбук фан страницата (https://www.facebook.com/MladinskiSovetStrumica [2]).

Овој проект го реализира Младински совет – Струмица во соработка со четирите средни училишта, а под координаторство на професор Анита Станковска, Илија Даов и Љубе Русев. Ваквиот концепт на промовирање нови средношколски музички таленти е еден нов начин на истакнување на бројните квалитети на нашата младина, но и давање шанса за јавни настапи и професионални искуства на сцена со што ќе го збогатиме културно-забавниот живот во нашиот град.

 

 

 

Comments are closed.