ФОТО: Демократијата на дело! Струмичани ги избраа најприоритетните проекти на општина Струмица

Синоќа во Домот на АРМ во Струмица се оддржа првата сесија од граѓанскиот форум. Со присуство од над 150 граѓани, струмичани покажаа голема заинтересираност да бидат дел од овој форум организиран од Центарот на заедницата на општина Струмица, во соработка со општина Струмица.

На тричасовниот форум се дискутираше за стратегиите и акциските планови на општина Струмица за млади, за социјална заштита, за соработка со граѓанскиот сектор како и акцискиот план за развој на образованието. Граѓаните поделени по работни маси дискутираа и ги приоретизираа проектите. Одлуките се донесуваа со консензус.

AAF_7846_1199x800 AAF_7917_1199x800

На крајот на форумот, граѓаните ги означија како приоритетни следниве 8 проектни активности:

  • Обезбедување локален фонд за кофинансирање и предфинансирање проекти
  • Студиски посети и вмрежувања со соседните земји
  • Приспособување на спортски терен на лица со посебни потреби
  • Финансиска помош за приспособување на индивидуални живеалишта на лица со посебни потреби
  • Вработување на едуцирани млади во бизнис секторот со финансиска обврска за добивање на ангажман од 6 месеци
  • Поддршка на старт-ап бизниси за млади
  • Реконструкција на училишта согласно со програмите за енергетска ефикасност
  • Набавка на опрема во училиштата (лабораторија и кабинети)

AAF_7831_1199x800 AAF_7832_1199x800 AAF_7834_1199x800 AAF_7837_1199x800

Од овие осум проекта, наредниот вторник граѓаните на Струмица ќе го изберат најприоритетниот проект на општината кој таа ќе има обврска да го имплементира во 2016 година. За реализација на овој проект, обезбедени се 45 илјади долари од кои 22.800 долари се учество од општина Струмица, а другите 50 проценти се грант од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

На граѓанскиот форум можат да присуствуваат сите жители на општина Струмица кои имаат најмалку 16 години.

AAF_7820_1199x800 AAF_7821_1199x800 AAF_7824_1199x800

AAF_7883_1199x800

AAF_7840_1199x800 AAF_7847_1199x800 AAF_7852_1199x800 AAF_7853_1199x800 AAF_7860_1199x800 AAF_7863_1199x800 AAF_7868_1199x800 AAF_7869_1199x800 AAF_7870_1199x800 AAF_7871_1199x800 AAF_7873_1199x800 AAF_7874_1199x800 AAF_7875_1199x800 AAF_7877_1199x800 AAF_7879_1199x800 AAF_7880_1199x800 AAF_7881_1199x800 AAF_7890_1199x800 AAF_7892_1199x800 AAF_7894_1199x800 AAF_7895_1199x800 AAF_7897_1199x800 AAF_7899_1199x800 AAF_7900_1199x800 AAF_7902_1199x800 AAF_7903_1199x800 AAF_7904_1199x800 AAF_7907_1199x800 AAF_7908_1199x800 AAF_7909_1199x800 AAF_7914_1199x800 AAF_7916_1199x800 AAF_7922_1199x800

Comments are closed.