„Порака“ ја пренесува пораката на лицата со интелектуална попреченост со поддршка на општина Струмица

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица продолжува со реализацијата на проектот „Заедно да ја пренесеме пораката на лицата со интелектуална попреченост“ кој финансиски е поддржан од општина Струмица преку V2 Програмата за социјална заштита за 2015 година.

12187866_886281691425262_3759397170249781006_nМинатата недела се одржаа две работилници насловени „Заедно креираме!“ со здружението за млади „АДОЛУС“ од Струмица, основното општинско училиште „Видое Подгорец“, децата од парохијата „Свети Иван Крстител“ од Струмица и дневниот центар за лица со посебни потреби од Гевгелија.12065637_886281688091929_7085699529940018208_n

Првата работилница се одржа во просториите на социјалниот клуб на „ПОРАКА“ каде што членовите и учениците од „Видое Подгорец“ изработуваа заеднички цртежи, колажи, бојадисуваа саксии и други фигури. Втората работилница се одржа во црквата „Свети Иван Крстител“, а на која гости беа децата и младинците од дневниот центар за лица со посебни потреби од Гевгелија. Покрај заедничкото дружење преку изработка на заеднички цртежи и колажи со ликови на светци, за забавата се погрижи и младата музичка ѕвезда Трајче Ѓоргиев, кој подготви и мали подароци за учесниците на работилницата.

12046806_886281684758596_4546919483757624084_n
Од „Порака“ велат дека преку овие заеднички активности се врши приближување на лицата со интелектуална попреченост до секојдневните социјални, културни и забавни активности на младите, односно, до образовниот процес на учениците во основните училишта во општина Струмица, а тоа е и главната цел на проектот, интеграција и социјализација на лицата со интелектуална попреченост во пошироката општествена средина.

12036536_886281784758586_784200741298051888_n 12065708_886281778091920_498399205281369662_n 10256576_886281741425257_1633297444526988889_n 12112040_886281764758588_6038115744465107754_n 1508214_886281774758587_567592447424934478_n 11215092_886281781425253_1650258536914388531_n

Comments are closed.