Утре граѓаните на Струмица ќе дискутираат и донесуваат одлуки во интерес на заедницата

Утре (вторник) со почеток во 18 часот во Дом на АРМ (голема сала) во Струмица, ќе се одржи првата сесија од граѓанскиот форум организиран од Центарот на заедницата на општина Струмица, во соработка со Општина Струмица. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

центар на заедница

На овој форум,  присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат планираните проекти од акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира Општина Струмица во периодот 2015 – 2016 година. Главна цел на акциските планови е да се развијат клучни активности кои треба да се спроведат за да се обезбеди упешна имплементација на локалната стратегија.

За реализација на овој проект, обезбедени се 45 илјади долари од кои 22.800 долари се учество од општина Струмица, а другите 50 проценти се грант од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Тони Милушев, раководителот на Одделението за Локален економски развој ги повика сите заинтересирани граѓани да дојдат на форумот и активно да дискутираат, да предлагаат, да одлучуваат кој проект за нив е најважен за да подоцна заеднички да се реализира со што ќе се покаже на дело демократијата на општина Струмица.

Comments are closed.