Турново ремизираше со Работнички

Фудбалерите на Турново успеаја да ремизираат играјќи 2:2 против Работнички на „Кукуш”. Турново по оваа реми останува на деветото место со 10 освоени бодови, додека Работнички сега е на шестото место со 12 бодови.
JxbjqQLЦикарски во 6. минута од пенал му донесе водство на Работнички, додека Илијоски во 29. минута зголеми на 0:2 за гостите.
Во 72. минута Милушев ја затресе мрежата на Работнички за 1:2. Во 90. минута Милушев повторно ја затресе противничката мрежа и израмни на 2:2.
Брегалница и Силекс одиграа нерешено 1:1, Металург на домашен терен загуби минимално од Шкупи 0:1, Ренова со 1:0 го совлада Царев Двор. Дерби натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија заврши без голови.
lu5Vh3H
Лидер на табелата останува шампионот Вардар со 27 бодови, бод помалку има Шкендија, третопласиран тим и понатаму е Силекс со 17 бодови.
На долниот дел од табелата ситуацијата е следна: Металург е последен со само 5 бодови, Турново е девети со 10 бодови…
На листата на стрелци прв е Хасани со 11 погодоци, втор е Илијоски со 9 погодоци.
Двојките за следното кое кое што е закажано за 28 октомври се следни: Царев Двор игра дома против Вардар, Работнички силите ќе ги одмерува со Ренова.
Шкендија игра против последнопласираниот Металург, Шкупи ја пречекува Брегалница, додека фудбалерите на Турново патуваат во Кратово каде што ќе ги одмерат силите со третопласираниот Силекс.
Александар Ванев

Comments are closed.