Арсенал го претстави струмичанецот Дејан Илиев

Младиот македонски голман Дејан Илиев веќе неколку години е дел од академијата на Арсенал, клуб со кој струмичанецот има договор до 2018.zp_Iliev-2-131210PAFC_941
Со цел што подобро навивачите на „топчиите“ да се запознаат со своите следни миленици, составот од Лондон преку официјалниот јутјуб канал ги претставува своите надежи. Еден од нив е и Илиев кој за околу две минути откри неколку работи за него, како тоа дека неговиот татко Марјан му бил инспирација да стане голман, дека Петр Чех му е идол и од него учи многу, оти сака да игра пинг понг во слободно време, но и да ја донесе популарната пејачка Тејлор Свифт во Македонија.

 

извор:Дерби.мк

Comments are closed.