ОО СДСМ НОВО СЕЛО : МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ СТРУМИЦА – НОВО СЕЛО Е НЕБЕЗБЕДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ

,,Магистралниот пат М6 што од Струмица преку Ново Село води до македонско – бугарската граница е небезбеден за граѓаните. Возачите секојдневно ги оштетуваат возилата што исто така може да биде причина за незгода.” – се потенцираше на денешната пресконференција на ОО СДСМ Ново Село.

Според Светлана Мазгалоска Вучетиќ, поранешен пратеник од СДСМ, овој пат е уште едно ризично дело на популизмот на Груевски. ,,Патот е со месеци е оставен недоизграден. Изгребан е само горниот слој од асфалтот и толку. ” – истакнува пратеничката.

Како што стои во соопштението, патот кој е оставен раскопан преставува огромен проблем и за граѓаните од населените места на општината и за околните населени места, особено во четврток, кога е пазарен ден во Ново Село. Не станува збор за локален пат, туку за дел од магистрален пат и тоа со голема фреквенција на возила кон Бугарија и обратно, а преку Кулата и за Грција.

,, Се наоѓаме на магистралниот пат М6 што од Струмица преку Ново Село води до македонско – бугарската граница. Oвој пат е уште едно ризично дело на популизмот на Груевски. Со месеци патот е оставен недоизграден. Изгребан е само горниот слој од асфалтот и толку. Граѓаните возат по небезбеден пат. Треба ли да се случи жртва? Секодневно граѓаните ги оштетуваат возилата што исто така може да биде причина за незгода.

Не станува збор за локален пат, туку за дел од магистрален пат и тоа со голема фреквенција на возила кон Бугарија и обратно, а преку Кулата и за Грција. Патот кој е оставен раскопан преставува огромен проблем и за граѓаните од населените места на општината и за околните населени места, особено во четврток, кога е пазарен ден во Ново Село.

Подготовки за пат се прават неколку дена пред поставување на асфалтот. Ако е потребно гребење на горниот слој тоа се прави брзо и веднаш се продолжува со работа. Такви се светските практики, што во Македонија секако не важат. За овој магистрален пат, во буџетите за 2012, 2013 и 2014 пратениците на СДСМ поднесоа амандмани за поставување нов асфалт, но мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати.

Груевски очигледно чека да се доближи датумот за избори. Порачуваме проблемот веднаш да се реши. За евентуалните несакани последици ќе одговара власта.” изјави поранешната пратеничка на СДСМ.

 

 

Comments are closed.

Web