Утре (16.10) во 19.30 часот во малата сала на Центарот за култура ,,Антон Панов” во Струмица ќе се одржи промоција на книгата ,,Божилак на исконот” од Филип Димкоски.
Како и на претходните три промоции во Прилеп, Скопје и Битола, така и на оваа, книгата ќе биде претставена преку еден необичен и несекојдневен концепт, што досега според бројот на посетителите и според нивните реакции се покажа како успешен. Книгата ,,Божилак на исконот” e избрана за најдобра и е наградена со прва награда минатата година на манифестацијата ,,Вознес” во Битола.
Промоцијата освен поезија изрецитирана од авторот на ,,Божилак на исконот”, Филип Димкоски, ќе содржи и богата уметничка програма која ќе ја реалзираат членовите на хорот при гимназијата ,,Јане Сандански” под раководство на проф. Анита Станковска, а ќе настапат и младиот оперски пејач Стефан Неданоски, триото Ана Глигорова, д-р Александар Глигоров и д-р Александар Димкоски.
Сценариото за овој настан е подготвено од таткото на Филип, д-р Александар Димкоски. Водител на програмата е доајенката на Македонскиот народен театар, Добрила Чабриќ.
Авторот и гостите на промоцијата ги покануваат сите Струмичани и сите оние кои имаат можност, желба и кои се отворени да вoсприемаат позитивни вибрации, стихови и музика.
Comments are closed.