Се уредува дворот во општинското средно училиште „Никола Карев“

Во општинското средно училиште „Никола Карев“ почна уредувањето на дворот. Денеска се сечеа дрвјата пред училишната зграда кои предизвикуваа проблеми во зимскиот период, а освен тоа ќе се извршат и други активности кои ќе ја разубават оваа површина. DSC_2784Освен во дворот пред училишната зграда планирано е и комплетно уредување на дворната површина позади зградата.
Средното општинско училиште „Никола Карев“ во континуитет работи на подобрување на условите во и околу училишната зграда, а со цел да го направи попријатен престојот за учениците и вработените.

DSC_2790 DSC_2787

Comments are closed.