Сојузот на дефектолози и општина Струмица организираа дводневна обука за работа со деца со посебни потреби

Во организација на Сојузот на дефектолози на Република Македонија и општина Струмица во општинското основно училиште „Сандо Масев“ се одржа дводневна обука на тема „Практични пристапи кон децата со аутизам и АДХ“. На обуката учествуваа 35 дефектолози, логопеди, психолози, педагози и родители, а предаваа акредитирани предавачи од Република Србија, специјализирани за својата методолошка област.1 (8)

Според Спасе Додевски, претседател на Сојузот на дефектолози, оваа обука има големо значење затоа што ќе овозможи стручните кадри и родителите да бидат обучени за адекватен методолошки пристап во секојдневното соочување и пракса со овие ученици.DSC_2714

-Сојузот на дефектолози останува на своите принципи според кои стручните кадри кои што работат со деца со посебни потреби да ги едуцира во однос на техниките и методите кои што се слабост во нашето општество и во однос на проблемите кои што во секојдневното работење ги имаат дефектолозите и логопедите, и затоа ја организираше и оваа обука. Сојузот на дефектолози оваа обука ја организира со општина Струмица која целосно финансиски го поддржа овој проект преку основните училишта. Ова е доста квалитетна обука од која учесниците ќе излезат со големо искуство кое ќе им помогне во секојдневната работа. Ние продолжуваме и понатаму да опстанеме на принципот да општина Струмица биде најинклузивната општина и да биде најсензитивна општина за оваа област, рече Додевски.DSC_2711

Предавачите на обуката ја поздравија поддршката која што градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица ја даваат за учениците со посебни потреби, овозможувајќи практична примена на новите методолошки пристапи во образовниот процес.DSC_2718

Comments are closed.