СВР неделен билтен: Што се случуваше изминатата недела во Струмица

Во период од 21 до 27 септемви во Струмица и околината се случиле три покарактеристични кражби: објекти на напад биле бензинска пупма, гулабарник и продавница. Предмет на напад на крадците биле пари, гулаби и лап топ компјутери, при што е пријавена материјална штета од 450.000 денари.

policijaЈавнот ред и мир во овој период бил нарушен два пати. Во Струмица и околината изминатата недела се случиле две сообраќајни незгоди со потешки последици. Причина за овие сообраќајни незгоди се невнимание и неосветленост на запрежно возило. Во двете сообраќајни незгоди имало три повредени лица, три лица со телесни повреди, од кој еден пешак и двајца сопатници.

Изминатата недела при сообраќајните контроли биле констатирани 53 прекршоци, а  при системска контрола на сите возила и возачи во сообраќајот прекршок е констратирано кај едно возило.

Comments are closed.