Богоев и Голубовиќ ќе заиграт за КК Струмица

Екипата на Струмица и годинава во кошаркарското првенство влегува со исти амбиции, изборување на опстанок во најквалитетната лига. За таа цел клубот предводен од тренерот Златко Зетов ги ангажираше искусните Ефтим Богоев и Србинот Мико Голубовиќ.

445154751_640“За разлика од минатата година, сега имаме поголем буџет кој што на време го обезбедивме, пред се по доаѓањето на новиот претседател, Сашко Масев. Досега ги ангажиравме Богоев и Голубовиќ, а планираме уште најмногу три засилувања до стартот на сезоната. Во моментот на проба имаме двајца интернационалци од Србија, а планирано и едно домашно засилување. Амбициите остануваат исти, да се избори опстанок и по можност да се изненади некој од фаворитите за највисок пласман”

Струмица во подготвителниот период одигра контролен дуел со Бест, на кој што издвојуваше победа. Во следниот период предвидено е избраниците на Зетов да одиграат уште неколку пријателски средби.

извор: http://ekipa.mk/bogoev-i-golubovik-vo-strumitsa-se-testirat-i-dvajtsa-srbi/

Comments are closed.