Порталот на Младински совет – катче за изразување на мислење и ставови на младите струмичани

По двегодишна пауза, веб сајтот на Младински совет – Струмица е повторно во употреба.  

 Страницатаwww.mss.org.mk е еден од проектите кои волонтерите и членови на организацијата ги подготвуваа на неодамнешниот едукативен летен камп во Бугарија.

Аактивностите на младинците во месец септември ќе бидат насочени главно кон зголемување на членството и општо информирање на јавноста со работата на Младински совет.

mss-web

„Нашиот нов веб-портал е првиот проект кој ќе биде реализиран во учебната 2015/2016 година. Ќе се пишуваат колумни, интересни информации за младите низ светот, но и успеси на струмичани. Целта е овој портал да прерасне во место каде што сите млади, не само членови на Младински совет, ќе можат слободно да искажат свој критички став како автори или читатели и заеднички да бидеме коректив на општеството затоа што младите 7 години наназад се здружуваат овде со таа цел”, вели Никола Тошев, веб-администратор на сајтот.

На сајтот работат 15 средношколци кои се во функција на веб-администратори, уредници, дизајнери, репортери, лектори. Покрај информативниот сегмент на сајтот, ќе има и содржини од едукативен и забавен карактер кои ќе треба да го привлечат и задржат вниманието на посетителите.

 

 

Comments are closed.