Здружението „Лумен“ започнува проект за безбедносната култура кај младите со поддршка од општина Струмица

Здружението „Лумен“ од Струмица во партнерство со Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир, а со финансиска поддршка од општина Струмица преку V2 програмата за социјална заштита за 2015 година ќе започне со реализација на активностите од проектот „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“.
Според Васе Русоманов, координатор на проектот, ќе бидат реализирани повеќе активности кои имаат единствена цел, а тоа е подигање на безбедносната култура кај младите во локалната заедница.

Capture
-Основна претпоставка од која тргнуваме во спроведувањето на овој проект е констатацијата дека младите имаат проблеми кои не можат секогаш да ги препознаат и објаснат, се сретнуваат со појави кои не знаат да ги именуваат, не можат сами да ги решат своите проблеми или не знаат на кому да се обратат за помош. Основна цел на проектот е да се идентификуваат најголемите безбедносни предизвици, ризици и закани со кои се соочуваат младите во локалната заедница, како и да се развие безбедносната култура кај нив. Воедно преку отворена дебата ќе се настојува да се надминат проблемите на кои наидуваат. Примарна цел ни е да воспоставиме рамка на однесување која ќе претставува т.н. безбедносна култура на младите во локалната заедница и пошироко, изјави Русоманов.

Comments are closed.