Градоначалникот Заев им го честиташе првиот училишен ден на првачињата.
„Овој миг го заслужувате бидејќи вие сте гордоста на Струмица и Македонија, вие сте иднината на Струмица и Македонија, вие сте тие во кои се надеваме и во кои веруваме“ вака градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, им го честиташе првиот училишен ден на првачињата. Тој и денеска како и во минатите години беше со нив на свечената програма која во нивна чест се одржа пред домот на АРМ во Струмица. Првачињата срдечно го пречекаа и се радуваа на неговото присуство, заедно се фотографираа и ја споделуваа среќата за првиот училишен ден и почетокот на новата учебна година.
Comments are closed.