На 13 септември велосипедска прошетка низ Струмичкото поле, можете да се пријавите за учество

„Велосипедизмот и добрата храна одат рака под рака, па така и оваа велосипедска прошетка низ Струмичкото поле ќе биде и прошетка низ дел од локалните специјалитети. Учесниците ќе имаат можност од почетокот до крајот на прошетката по нешто да пробуваат и да си ја надополнат силата за возење велосипед’’ – вака организаторите ја најавуваат велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкото Поле“ која е закажана на 13 септември.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Учесниците ќе можат на овој начин да ги посетат локалитетите со културно значење: Гробот на Струма, Манастирот во Водоча, Манастирот во Вељуса, местото манастирите во Ангелци. Покрај тоа, велосипедистите ќе ги очекува и традиционална струмичка трпеза.

„Струмичкото Поле е познато по земјоделските производи, и би било штета да имаме гости, а да не пробаат нешто од нашите специјалитети. Сметаме дека Струмица е прекрасна велосипедска дестинација која нуди и лесни рути и рути со предизвик за љубителите на велосипедизмот. А велосипедската прошетка по ручекот се познава и Струмица има што да понуди’’ – вели Димитар Манишев, претседател на Велосипедскиот клуб „Актив’’.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкото Поле“ е настан кој го промовира велосипедизмот како семејна активност и ќе има подготвени две рути: рамна рута за секој кој сака да учествува и висока рута за велосипедистите кои сакаат предизвик. На настанот веќе се пријавени гости од Србија и Бугарија, а сите заинтересирани можат да се пријават на велосипедскиот портал www.mk.to4ak.com, или преку е-пошта strumickopole@inicijativi.org.mk.

—————————————————————————————————————————————–

Comments are closed.