Во општина Струмица извршен е хуман третман на 17 кучиња скитници

Од крајот на минатиот месец кога почна да се реализира хуманиот третман на кучињата скитници, на територијата на општина Струмица извршено е заловување на вкупно 17 кучиња по пријави од граѓаните.

Заловувањето го врши ДТУ Ветеринарна клиника „Анри вет“ од Стојаково со која согласно тендерската постапка, општина Струмица склучи договор и направи план и динамика за спроведување на оваа активност која се врши согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

DSC_0534

 -По заловувањето, кучињата се транспортираат до прифатилиштето и од секое се зема крв и се праќа на испитување за лајшмaниоза во лабораторијата на факултетот во Скопје. Доколку кучето е позитивно на лајшманиоза, тоа се аутанизира со хуман третман, а доколку наодот е негативен, женските кучиња се оставаат на третман четири дена по стерилизацијата, а машките се оставаат два дена по кастрацијата. Истите кучиња потоа се вакцинираат против беснило, се врши дехелминтизација, се обележуваат со ушни маркички и се чипираат. Откако ќе се изврши сето тоа, кучињата се транспортираат до местото на заловување и се пуштаат, рече доктор Иван Сарамандов, одговорно лице во прифатилиштето во Стојаково.

DSC_0535

 Тој додаде дека четири од заловените кучиња се веќе вдомени. Секое куче има пасош кој се наоѓа во Одделението за инспекциски работи  при општина Струмица и сите  граѓани заинтересирани за вдомување на вакви кучиња можат да се пријават во ова одделение.

DSC_0539

 

——————————————————————————————————————————————

Comments are closed.