Слушнете ја песна првенeц на младата струмичанката Ивана Василева

Ивана Василева, млад музички талент од Струмица, ја објави својата песна првенец „Ми зеде се’’.

Песната е направена во соработка со Андреј Миске.

Струмичани имаа можност да ја слушнат Ивана на овогодишниот „Струмица опен фестивал’’ на Вечер на акустична романтика.

Инаку, Василева е студент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Comments are closed.