Градоначалникот Заев организира прием за струмичките одбојкарски репрезентативци

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, попладнево, ќе ги прими струмичките одбојкарски репрезентативци кои беа дел од одбојкарската репрезентација на Македонија, а по повод освоеното второ место во Европската лига.

11898536_856802357706529_7583477200267379589_nСо овој прием, градоначалникот Заев уште еднаш ја потврдува неговата голема поддршка на спортот, која континуирано ја дава во изминатите десет години, односно, од кога е Градоначалник на општина Струмица.

Инаку, македонските одбојкари не ја добија владината поддршка и поминаа 1.400 километри со автобус до Полска, но и покрај таквото патешествие тие постигнаа извонреден успех.

mak.odbijkari_3

Comments are closed.