Romeo Blanco наместо R3HAB ќе настапи на „Струмица ОПЕН фест’’

Организаторот на Струмица ОПЕН фестивал денес ги објавува промените во музичката програма за 16 август.
Младиот Белгиец Romeo Blanco, ѕвезда на Tomorrowland, е новото големо светско име кое ќе гостува во Струмица. Romeo Blanco кој е препознатлив по своите впечатливи и енергични настапи низ цел свет, за прв пат доаѓа на Балканот и тоа на Струмица ОПЕН фестивал.

10467123_527007800734320_7163922948063584343_o

Оваа информација пристигнува како замена за досегашната ѕвезда на фестивалот, R3HAB денес испрати официјално извинување до македонските фанови заради одложувањето на неговиот настап.

„Поради неодложни обврски менаџментскиот тим на R3hab го откажува својот настап во 2015 година во Струмица. Ви благодариме на разбирањето. Се надевам дека ќе настапувам за вас многу наскоро!’’ – пишува на официјалната страница на холандскиот диџеј и продуцент.

Comments are closed.