Малолетник од Добрашинци исчезнал капајќи се во вир

Полицијата трага по седумнаесетгодишниот Д.В. од струмичкото село Доброшинци. Малолетникот исчезнал вчера попладне околу 17 часот, откако се капел во вир.

Тој заедно со уште тројца другари влегол во водата насобрана во ископот меѓу селата Доброшинци и Пиперово широк околу 30 метри. По извесно време го снемало, а останатите момчиња во паника побегнале.

policija-ilustracija-4

Непосредно до вирот, полицијата ги пронашла неговите алишта и се уште презема мерки за негово пронаоѓање.

извор: Канал 77

Comments are closed.