Седум сообраќајни незгоди во минатата недела во Струмица

Стан и жена биле ограбени минатата недела во Струмица, а причинетата материјална штета изнесува 94.400 денари, известуваат од СВР Струмица.

Поради непочитување на сообраќајните прописи, неприлагодена брзина и управување на возило под дејство на алкохол, од 13 – 19 јули се случиле седум сообраќајни незгоди во кои се повредени 10 лица.

Полицијата спровела две акциски контроли: систематска контрола на сите возачи и возила во сообраќајот и откривање на прекршоци кои ги чинат велосипедистите, велосипеди со мотор и моторцикли.

Во контролите се констатирани вкупно 68 прекршоци.

Comments are closed.