Кривична пријава за Србин кој превезувал мигранти од Македонија

СВР Штип до ОЈО Скопје – Оддел за организиран криминал и корупција,  поднесе кривична пријава против К.А.(32) државјанин на Република Србија, со привремен престој во Струмица,  поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

policija

Пријавениот на 30.08.2012 година со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна корист поттикнал и организирал патување на десет државјани на Република Македонија во Република Германија кои со цел стекнување на социјални и економски права побарале азил спротивно на прописите на државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор.

Превезеувањето на лицата пријавениот го извршил со ПМВ „Фиат Дукато“. Со извршување на кривичното дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 147.600 денари.

Comments are closed.