Струмица домаќин на меѓународниот турнир во одбојка на песок

Од синоќа  Струмица е домаќин на меѓународниот турнир во одбојка на песок на кој учествуваат натпреварувачи од Србија, Бугарија и Македонија. По трет пат, покровител на оваа спортска манифестација е општина Струмица, а турнирот за отворен го прогласи претседателот на Советот, Јосиф Христов.

11391178_828734993846599_6967653588448338714_n
-Струмица нема плажа за одбојка на плажа, но Струмица има и песок и спортски дух и традиција за повторно да биде домаќин на меѓународен турнир во одбојка на песок, турнир кој се повеќе ги привлекува пасионираните љубители на овој атрактивен спорт.  Во овие неколку изминати години, ова е трето меѓународно натпреварување во одбојка на песок во нашиов град, па затоа реални се очекувањата на струмичката спортска јавност па и пошироко, ваквите турнири да прераснат во една убава традиција. Општина Струмица по трет пат се јавува како покровител на ваква спортска манифестација со цврста решеност така да биде и во наредниот период. Со убедување дека одбојкарскиот клуб „Ветерани – Струмица“ ќе ја оправда довербата да биде успешен организатор на овој турнир, искрено се надевам дека трите дена исполнети со одбојка на песок во спортскиот центар „Партизан“ ќе бидат вистински празник на одбојката и на спортот воопшто. На сите сениори, младинци и ветерани од Србија, Бугарија и Македонија кои ќе земат учество на турнирот им посакувам убав престој во Струмица и добри спортски резултати, а на посетителите вистински да уживаат во атрактивноста на овој вид спорт. Пренесувајќи ви ги поздравите од градоначалникот Зоран Заев и неговите желби Струмица повторно да се гордее со успешна спортска манифестација, меѓународниот турнир во одбојка на песок го прогласувам за отворен, рече Христов.

Comments are closed.